Официјално: Лајпциг се пофали со Елмас (Фото)

Бундеслигашот Лајпциг попладнево и официјално се пофали со потписот на нашиот репрезентативец Елиф Елмас, кој во новиот клуб ќе го носи дресот со број шест.

Лајпциг на Наполи треба да му плати 25 милиони евра со бонуси, а договорот стапува на сила на први јануари. Елмас на тренинзите на Лајпциг ќе се приклучи ден подоцна, на втори јануари. Договорот е со важност до јуни 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести