Ливерпул официјално титулата може да ја прослави на „Гудисон парк“

Градското ливерпулско дерби помеѓу Евертон и Ливерпул ќе се игра на 21 јуни, на стадионот „Гудисон парк”, без присуство на публика, официјално потврдија од Фудбалската асоцијација. Имаше варијанта двобојот да се одигра на неутрален терен, но утврдено е дека нема никакви опасности по здравјето и безопасно е мечот да се игра на теренот на Карамелите.

Полицијата и градските власти имаа заеднички состанок со двата клуба и со претставници на навивачките групи.

Црвените може да имаат прилика на тој меч да ја освојат 30 години чеканата шампионска титула. Ако Арсенал го победи Манчестер сити на 17-ти јуни, тогаш Ливерпул со победа над Евертон и математички ќе биде недостижен за ривалите. Ливерпул како домаќин ќе игра на својот „Енфилд“.

- Оглас -

Најнови вести