Нигериското крило Адемола Лукман потпиша четиригодишен договор со Атлетико Мадрид.
Најдобриот африкански фудбалер за 2024 година во претходните три и пол сезони настапуваше за Аталанта, но недоразбирањата кои ги имаше приднесоа веднаш да биде продаден. Се шпекулира дека Аталанта ќе добие фиксни 35 милиони евра и можни уште пет милиони ако се исполнат бонусите во договорот на 28-годишниот Лукман.
Ова е втор договор на овие два клуба зимава. Од Атлетико во Аталанта отиде Џакомо Распадори.

