Досегашниот тренер на Сампдорија, Марко Џампаоло, ќе биде нов тренер на Милан. Тој на клупата на „росонерите“ го наследува Џенаро Гатузо, а со седумкратниот европски првак ќе потпише двегодишен договор, со опција за останување и трета сезона. Годишната плата ќе му биде 2 милиони евра. Првиот тренинг со Милан ќе го има на 9 јули.
Џампаоло, кој има 51 година и е роден во швајцарскиот град Белинцона, бил прв тренер на Асколи, Калјари, Сиена, Катанија, Чезена, Бреша, Кремонезе, Емполи и Сампдорија, која ја водеше од 2016 наваму.
Договорот е официјално потврден, по што Милан ќе се фокусира на доведување играчи. Прва принова им е Раде Круниќ, кој дојде од Емполи за 8 милиони евра.