Португалскиот тренер Нуно Еспирито Санто е нов менаџер на англискиот премиерлигаш Нотингам форест, кој вчера се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб Стив Купер.
Шумарите се 17-ти на табелата и се борат за опстанок, а Еспирито Санто доби договор на две и пол години.
За Еспирито Санто, ова ќе биде трета авантура во англиската елита. Од 2017 до 2021, тој го водеше Вулверхемптон, а потоа од ноември 2021 до март 2022 беше на клупата на Тотенхем.
Лани го презеде саудиски Ал-Итихад и го водеше до пред еден и пол месец, кога беше разрешен по пораз од ирачки клуб во азиската Лига на шампиони и конфликтот со ѕвездата Карим Бензема.
Првиот меч на 49-годишниот Еспирито Санто на клупата на Форест ќе биде в сабота, против Борнмут.