Официјално: Од 1 јули, култниот „Камп ноу“ го менува името!

Барселона објави дека е постигнат договор со компанијата „Спотифај“, која станува главен спонзор на клубот, а го доби и правото на име на најголемиот стадион во Европа. Од 1 јули, стадионот на Барса ќе се вика „Спотифај Камп ноу“.

Освен ова, името на шведскиот сервис за слушање музика до 2025 година ќе стои на предната страна на дресовите на Каталонците, на местото на јапонски „Ракутен“.

Неофицијално, Барса од Швеѓаните ќе добива 50 до 60 милиони евра годишно.

- Оглас -

Најнови вести