Бразилското крило Рафиња, кој имаше убедливо најдобра сезона во кариерата и кандидат е за Златната топка, го продолжи договорот со Барселона до јуни 2028 година. Ова е продолжување за една година бидејќи Рафиња имаше договор со Барса до 2027.
Рафиња беше на излезна врата минатото лето, но по доаѓањето на новиот тренер Ханси Флик драстично се сменија работите и Бразилецот „експлодира“ со 34 гола и 20 асистенции.