Алжирецот Ријад Марез го напушти Манчестер сити и потпиша четиригодишен договор со Ал-Ахли од Саудиска Арабија. Граѓаните ќе добијат отштета од 30 милиони фунти.
Главниот град на Саудиска Арабија се вика Ријад, истото име го носи и Марез, па веројатно му беше судбина да игра во клуб во оваа азиска земја.
Марез е третото засилување за Ал-Ахли кое дојде од Премиер лигата, по Роберто Фирмино од Ливерпул и голманот Едуард Менди од Челзи. Член на Ал-Ахли е и Езџан Алиоски, а иако тој тренира редовно со тимот, поверојатно е дека македонскиот лев бек во претстојната сезона ќе игра во друг клуб, некаде во Европа.
https://twitter.com/i/status/1684889963593400320