Официјално: Родри ја освои Златната топка пред Винисиус

Шпанскиот фудбалер за врска, Родриго Ернандес (28) од Манчестер сити, ја доби Златната топка која ја доделуваат магазинот „Франс фудбал“ и од оваа година УЕФА, во контроверзна церемонија која беше бојкотирана од клубот на годината, Реал Мадрид, каде што мислат дека се ограбени и дека Винисиус не ја освоил наградата од нефудбалски причини.

Родри е првиот Шпанец по Луис Суарес од далечната 1960 година кој ја добил Златната топка. Ни легенди како Бутрагењо, Раул, Чави, Иниеста не успеаја, а ете Родри е прогласен за најдобар, и тоа во годината во која Црвената фурија стана европски првак.

Инаку, во рангирањето зад Родри се најдоа тројца членови на Реал Мадрид, Винисиус, Џуд Белингам и Даниел Карвахал, а петтото место му припадна на Ерлинг Халанд.

Кај жените, фудбалерка на годината е Ајтана Бонмати од Барселона, која втора година по ред е со Златната топка и ја потврди доминацијата на шпанскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести