Ромелу Лукаку и официјално е нов фудбалер на Челзи, за кого европскиот првак издвои 115 милиони евра што е клупски рекорд. Белгиската ѕвезда потпиша петгодишен договор со Сините за 12 милиони евра плата по сезона, а на „Стемфорд бриџ“ се врати по седум години пауза, откако беше дел од тимот од 2011 до 2014 година.
Во Лукаку, Челзи добива врвен напаѓач за комплетирање на сложувалката која ја започна Френк Лампард, а ја заврши Томас Тухел. Лукаку беше одличен во дресот на Евертон, што заслужи транфер во Манчестер јунајтед каде што не се истакна во потполност, но во Интер прерасна во гол-машина и им помогна на Нероаѕурите да го освојат Скудетото по една деценија пост.
Белгискиот голгетер веројатно нема да биде во конкуренција за настап во премиерниот меч на Челзи против Кристал палас во првото коло од Премиер лигата, но во најскоро време ќе му се стави на располагање на менаџерот Тухел.
https://twitter.com/ChelseaFC/status/1425864662881558531