Официјално: Руд Ван Нистелрој е нов менаџер на Лестер

Англискиот премиерлигаш Лестер објави дека нивен нов менаџер е Руд Ван Нистелрој.

Легендарниот холандски фудбалер кој по завршувањето на играчката кариера почна да работи како тренер, до неодамна беше помошник во Манчестер јунајтед, а добро си ја вршеше работата и на неколку меча како в.д. главен тренер на Црвените ѓаволи.

Договорот му е до јуни 2027 година. Тој за прв пат ќе ги води Лисиците во вторник, кога Вест Хем ќе гостува на стадионот „Кинг Пауер“ во дуел од Премиер лигата.

Руд кој има работено со големи тренерски имиња како Гус Хидинк, Алекс Фергусон, Боби Робсон и Фабио Капело од кои собираше искуство, вели дека одвај чека да почне со работа.

„Горд сум и возбуден. Сите со кои зборував за Лестер се ентузијасти, особено Енцо Мареска, ми кажа одлични приказни за квалитетот на луѓето кои работат во клубот, навивачите исто така, поновата историја на клубот е импресивна. Едвај чекам да започнам и да ги запознаам сите и да дадам максимум за клубот“, рече 48-годишниот Руд.

- Оглас -

Најнови вести