Европската кужа на фудбалот, УЕФА, и официјално покрана дисциплинска постапка против Алваро Мората и Родри за скандирањето „Гибралтар е шпански“ на прослата на титулата од Европското првенство.
Двајцата шпански фудбалери сакаа да ја провоцираат Англија, која ја победија во финалето, но сега се соочуваат со суспензија. Дисциплинскиот инспектор на УЕФА ќе одлучува дали и во која мера ги прекршиле правилата, па ќе одлучи за нивната казна.
Официјално постапката е покрената за „кршење на стандардите за пристојно однесување, дискредитација на фудбалот како спорт и за користење на спортските настани за неспортски работи“.
Според познавачите, двајцата фудбалери ќе добијат суспензии од по два натпревари и нема да бидат дел од составот кој ќе ги почне настапите во Лигата на нации во септември.