Официјално: Во Италија ќе се игра, ама зад затворени врати

Мегадербито помеѓу Јувентус и Интер ќе се игра во Торино како што беше планирано, в недела од 20.45 часот, но дефинитивно без присуство на публика. Челниците на италијанската Серија А донесоа одлука мечот кој е битка за титулата, наместо пред полни, поради мерките против ширење на Коронавирусот, да се игра пред празни трибини.

Веројатно на Интер ќе му биде полесно бидејќи вечерва играше без публика против Лудогорец и ќе биде навикнат на таква тажна атмосфера, а Јуве ќе треба да жали што нема да има поддршка од 12-тиот играч и што нема да заработи убави пари од продажбата на билети.

Освен дербито на Италија, викендов нема да има публика ниту на мечевите Удинезе – Фиорентина, Милан – Џенова, Парма – СПАЛ и Сасуоло – Бреша.

- Оглас -

Најнови вести