Огромен број прогнозери ги отпишуваат Арсенал и Милан за големите викенд-дербија

На половина од терминот за типувањето за новото коло од бесплатната Спортска прогноза играчите веќе ги имаат своите фаворити.

Интересно е дека за двете најголеми дербија, мнозинството прогнозери се изјасни и процентите најавуваат кои се нивни фаворити.

За дуелот помеѓу Манчестер сити и Арсенал, дури 69,2% од играчите на Спортска прогноза типувале победа на домашните, а само 7,7 отсто веруваат во победа на гостите од Лондон.

Интер е многу голем фаворит на градската пресметка со Милан. За кец на Интер типуваат 68,5 проценти, а за триумф на Милан прогнозирале само 9,9 отсто.

Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За една утка и 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести