Речиси пред една година веќе имаме пишувано дека Нејмар пет години по ред нема играно за своите клубови кога ѝ е роденден на сестра му Рафаела, а ако продолжи таа традиција, Бразилецот нема да биде во составот на ПСЖ на 11 март против Борусија Дортмунд во осминафиналето од Лигата на шампионите. Некогаш е повреден, некогаш суспендиран, но како и да е, не игра кога треба да се појави на роденденската прослава.
Овојпат календарот на УЕФА му направи проблем на Нејмар, па се поклопија термините на роденденот на Рафаела и мечот со Борусија во Дортмунд. На фамозниот 11 март, сестрата на Нејмар ќе го прослави 24-тиот роденден и останува да се види како Нејмар ќе најде начин да се појави во Бразил и да избегне играње важен меч од ЛШ. Лани тој имаше повреда, но и со патерици отиде на роденден.
Можеби газдите на ПСЖ треба да размислат да го организираат роденденот на Рафаела во Париз, па братот да може да се појави.