Второлигашот Охрид го елиминираше Вардар во Скопје во меч од четвртфиналето на Купот. Охриѓани беа апсолутни аутсајдери, но на теренот покажаа дека се победува со срце и желба за успех.
Вардар водеше со 1:0, но Охрид не се предаде и со гол во 90 минута израмни на 1:1 и се избори за шутираше пенали.
Во пенал-рулетот охриѓани први промашија, но и тоа не ги поколеба да успеат да го елиминираат Вардар. Голманот на гостите ги одбрани ударите на Николов и Данев и на крајот второлигашот победи со 4:2 за историски пласман во полуфиналето на Купот.
Охрид е лидер во Втора лига и има девет победи по ред, а сега го елиминираше и актуелниот освојувач на Купот на Македонија.
По победата и пласманот во полуфиналето, охриѓани направија фотографија за спомен од соблекувалната и порачаа „НАЈГОЛЕМА ПОБЕДА ВО ИСТОРИЈАТА НА КЛУБОТ – ОХРИД Е ВО ПОЛУФИНАЛЕ ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА!“

