Ракометарите на Охрид се последниот учесник на завршниот турнир од Купот на Македонија, откако со убедливи 35-18 славеа над Куманово во финалето од турнирот на кој беа и организатори.
Охриѓани претходно го совладаа и суперлигашот Тиквеш со 42-25.
Епилогот од турнирот во Охрид значи дека на завршниот турнир од Купот на Македонија ќе учествуваат истите екипи како и минатата сезона. Екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Охрид ќе се борат за трофејот, а минатата сезона тој им припадна на „црвено-црните“.
Ракометната федерација на Македонија дополнително треба да го одреди местото на одигрување на Ф4 турнирот, како и двојките за полуфиналето.

