Охриѓани во форма, на добитни тикети има погодени и точни резултати од ЕП (Фото)

Уплатно место на Sport Life во Охрид беше среќно и донесе големи добивки.

На едниот тикет уплатен уште на 2 јули, фатен е вкупен коефициент од дури 2.253, па уплатата од 100 денари носеше бруто-добивка од 225.367 денари.

Прогнозирани се седум натпревари од Европското првенство и Копа Америка, со вклучени игри на голови. Среќата му се насмевна на овој играч бидејќи на сите мечеви резултатите беа како што тој прогнозираше и ги погоди комбинациите од голови со двојна шанса.

Во петокот на истото место во Охрид, уплата од 500 денари на тикет донесе бруто-добивка 112.499 денари поради погодената вкупна квота од 225 за шест меча од ЕП и Копа Америка.

На овој тикет се издвојуваат две прогнози со огромни квоти. Тоа се погодените точни резултати на средбите Шпанија – Германија и Португалија – Франција. Кога тие излегоа како што посакува овој обложувач, потоа остана полесниот дел од работата, иако бил присутен стравот Турција да не изедначи против Холандија, што би го направило тикетот недобитен.

- Оглас -

Најнови вести