Во кошаркарската НБА лига вечерва се играат седум натпревари од кои првиот во кој се судираат вториот против петтиот на Истокот, почнува веќе во 18 часот по македонско време.
Квотите во Sport Life најавуваат дека најголема веројатност за победа има Оклахома Сити тандер, актуелниот првак ако победи на гости кај Јута џез, ќе го изедначи клупскиот рекорд од 15 победи по ред, во моментов се на 14.
Бостон гостува во Канада и се надева на петта победа во низа, а на паркетите ќе истрчаат и Никола Јокиќ и Лука Дончиќ од кои може да се очекуваат плус поени. Особено мотивиран ќе биде Словенецот кој со ЛА Лејкерс ќе гостува во Филаделфија, и тоа ќе биде прв меч за Лука откако по втор пат стана татко.


