Њујорк во „Медисон сквер гарден“ на своите навивачи со победа над Атланта од 101:87 им го честиташе Божиќ. Уште од првите неколку минут, домаќините започнаа феноменално и поведоа со 19:3, а потоа константно ја одржуваа предноста.
Едноставно Њујорк водеше од првата до последната минута, а како шлаг на победата беше последните поени на домаќините. Оби Топин тргна во напад и со фантастично забивање како за натпревар во ол-стар меч и ги воодушеви навивачите.