Огромна беше радоста на навивачите на Галатасарај по победата на гостувањето кај Манчестер јунајтед, а вечерва се потврди и дека стадионот „Олд Трафорд“ им лежи на истанбулските гиганти.
„Олд Трафорд“ е единствениот стадион надвор од Турција на кој победиле три различни турски клубови во мечеви од Лигата на шампионите. Вечерва таму победи Галатасарај со 3-2, во 2009 година на гости кај Јунајтед победи Бешикташ со 1-0, а во 1996 година Манчестер ј. дома загуби и од Фенербахче со 0-1.