Натпреварот меѓу Џенова и Јувентус кој утре ќе се игра во рамките од 6 коло во Серија А, ќе се игра пред празни трибини. Денеска и официјално беше донесена одлука за казната на Џенова, поради нередите за време на Дерби дела Лантерна.
Во средата вечер градските ривали Џенова и Сампдорија играа во Купот на Италија, а пред и по мечот имаше сериозни инциденти на улиците во градот. Сампдорија победи на овој дуел и тоа дури по подобро изведување на пенали.
Во жестоките судири меѓу симпатизерите на Џенова и Сампдорија, повредени биле 38 луѓе, а неколкумина се уапсени. Повредени има и меѓу полицајците кои се обидуваа да ги смират завојуваните страни.
Претседателот на Националната опсерваторија за национални спортски настани, Паоло Кортис, изјави дека казнта за Џенова е да се „испратат сигнал“ до другите клубови и нивните поддржувачи. Дури се очекува казната да биде за два меча без публика за Џенова, а истото ќе се случи и во Серија Б со тимот на Сампдорија.