Организаторот на Летните олимписки игри одлучи натпреварите од сурфањето да се одржуваат на 16.000 километри оддалеченост од Париз, односно во прекуокеанската територија Тахити. Токму таму настана и најдобрата фотографија на оваа Олимпијада, која тешко дека ќе биде надмината.
Во главна улога е најдобриот светски сурфер, трикратен светски шампион, Габриел Медина, а фотографијата е дело на Џером Бруле, кој успеа да го „фати“ бразилецот како лебди во воздухот покажувајќи со показалецот кон публиката.
Бразилскиот сурфер за оваа изведба доби отценка од 9.90, што е најголема во историјата на Олимписките игри во овој спорт.
This shot of Gabriel Medina is ABSOLUTELY UNREAL 🤯 😱
( 📸: Jerome Brouillet) pic.twitter.com/4JQNI4olsi
— Bleacher Report (@BleacherReport) July 29, 2024