16.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Олимпијакос го доби грчкото дерби во драматична завршница

Олимпијакос го доби грчкото дерби против Панатинаикос кое се играше во евролигашки рамки со минимални 81:78. Гигантот од Пиреја со вкупно 12-тата победа по 27 кола ги одржа надежите за пласман во разигрувањата, а воедно му се реваншираше на вечниот ривал за поразот во првата овосезонска пресметка во Евролигата.

Иако ПАО ја имаше иницијативата во првите 10 минути, во остатокот од мечот домаќините ја одржуваа резултатската предност. Во клучната четвртина гостите успеаја во три наврати да израмнат, но повторно се најдоа во позиција да бркаат резултат. Папаниколау погоди едно од двете слободни фрлања за 81:78 на 10 секунди до крајот, за потоа Томас да се обиде со шут за три поени да изнуди продолжение, но не погоди.

Мекисик со 22 поени беше најефикасен кошаркар за Олимпијакос, додека кај гостите расположен беше Калатес со 18 поени.

Претходно Жалгирис славеше против Химки со 96:85, односно ЦСКА Моква го доби рускиот дуел против Зенит со 86:78.

- Оглас -

Најнови вести