Олимпијакос и Анадолу Ефес со убедливи победи во Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос го совладаа Виртус во Болоња со 70-92 во 27-то коло од Евролигата. Грчкиот тим доминираше од самиот почеток, со мал пад во третата четвртина, но ништо што би можело да го доведе во криза. Со оваа победа, Олимпијакос дополнително се зацврсти на првото место на табелата и изгледа дека ќе влезе во плејофот од таа позиција.

Избраниците на Јоргос Барцокас го добија првиот квартал со убедливи 14-34, а на тој бран ја продолжија својата доминација. Виртус одигра нешто подобро во третата четвртина и во еден момент намали на 13 поени разлика, но Олимпијакос брзо ги разоружа.

Специфично за овој натпревар беше тоа што, иако постигна 92 поени, тимот на Олимпијакос одлично ја распореди улогата во нападот, дури шест играчи беа со двоцифрен ефект, но ниту еден не постигна повеќе од 12 поени. Таа бројка ја достигнаа Никола Милутинов, Саша Везенков, Мустафа Фал, Еван Фурние и Алек Питерс. Тимот запиша и вкупно 26 асистенции.

Кај Виртус, кој заедно со Алба и Макаби е на дното на табелата, најдобар стрелец беше Ајзеа Кординие со 15 поени.

Анадолу Ефес ја победи Алба Берлин со 98-73. Џордан Нвора со 18 поени и Роландс Смитс со 17 поени беа најефикасни во победничкиот тим.

- Оглас -

Најнови вести