Олимпијакос и Шахтар одиграа хуманитарен меч, посебни емоции предизвикаа играчките за загинатите деца (Фото)

Турнејата за мир во Украина, за украинскиот фудбалски клуб Шахтар Доњецк, денешна станица имаше во Атина, Шахтар играше пријателски хуманитарен меч со Олимпијакос.

Резултатот од 1-0 за Грците беше најмалку важен, целиот фокус беше на хуманоста и барањето за мир во Украина. На трибините имаше многу мечиња и други играчки, во знак на сите загинати деца во војната во Украина.

Фудбалерите на Шахтар на грбот на своите дресови носеа имиња на градовите кои се најсилно бомбардирани од Русите, или како што Украинците ги нарекуваат, градови-херои.

- Оглас -

Најнови вести