21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Олимпијакос казнет со одземање на шест бода по скандалот во грчкиот Куп

По скандалот кој се случи во полуфиналето на грчкиот кошаркарски Куп меѓу вечните ривали Олимпијакос и Панатинаикос, на тимот од Пиреја му се одземени шест бода во првенството, за одбивање да се доигра веќе започнат натпревар. Кошаркарите на Олимпијакос не се вратија на терените по паузата при резултат од 42:25, па дисципслинската комисија им ја изрече најстрогата казна.

Според правилата, за напуштање на натпревар се одредува казна со одземање од еден до шест бода, за Олимпијакос истата е максимална, па така го загуби лидерското место во грчкото првенство.

Пред оваа одлука, екипата која ја води Дејвид Блет го држеше првото место со 31 бода, еден повеќе од нивниот ривал, а сега паднаа на шестото место со 25 бода и заостануваат пет бода зад Панатинаикос. Клубот од Пиреја има можност да поднесе жалба за оваа казна.

По службениот пласман во финалето на грчкиот Куп, Панатинаикос ќе се соочи против ПАОК во борба за трофејот, а средбата се игра денес во 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести