6002 Реал Мадрид – Манчестер сити (21.00 часот)
По спектаклот на првиот меч, што друго да се очекува освен нова голеада. На Реал не му врши голема работа победа од 1-0, па треба да даде најмалку два гола, но одбраната во која ќе го нема Алаба е послабата страна на тимот и тоа е шансата на Сити. Кралскиот клуб ќе има голема поддршка од трибините, им се враќа Касемиро, кој не играше на „Етихад“, а предност на гостите е што имаат повеќе опасни оружја, за разлика од домашните, кои главно се потпираат на мајсториите на Бензема. Неблагодарно е да игра на конечен тип, типуваме на голови, па во финале нека оди подобриот.
Предлог тип: ГГ и 4+ (2.40)
2821 Митјиланд – Вејле (18.00 часот)
Ова е реванш-дуел од полуфиналето на Данскиот куп. Првиот меч го доби Митјиланд со 1-0, па овој тим има шанса на домашен терен да го визира пласманот во финалето. Вејле на последните пет меча во сите натпреварувања не успеа да даде повеќе од еден гол. Контра Вејле е и традицијата, овој клуб никогаш не го победил Митјиланд, а играле над 20 пати. Митјиланд на последните три домашни мечеви против Вејле даде дури 14 гола.
Предлог тип: Т1 1+пол. (1.61)
1975 ПАОК – Олимпијакос (18.00 часот)
На пет кола до крајот на сезоната во грчката лига, Олимпијакос има огромни 13 бода предност во однос на ПАОК и само прашање на време е кога и теоретски ќе ја обезбеди титулата. Гигантот од Пиреа може уште вечерва, на теренот на лутиот ривал од Солун, да ја освои титулата. Само победа на ПАОК ќе спречи прослава на Олимпијакос. Но, ПАОК крена раце од бркање на Олимпијакос, во претходните три кола солунските Црно-бели освоија само еден бод. ПАОК како гостин го елиминира Олимпијакос од Купот, па сега Олимпијакос има шанса да слави на „Тумба“ во Солун. Последните пет дуели на овие екипи во Солун биле со 0-2 гола.
Предлог тип: ГГ (1.88)
3201 Краснодар – Локомотив Москва (18.00 часот)
Овие два тима се соседи на табелата, на петто и шесто место во руската Премиер лига. Краснодар има еден бод повеќе, со триумф може да се доближи до четвртата ЦСКА и да се бори за излез на европска сцена, доколку воопшто им биде дозволено тоа од УЕФА. Двата тима се во променлива форма, а ретко играат нерешено. Локомотив уште од 2016 не знае за победа на гостување во Краснодар, па тешко дека ќе ја прекине традицијата.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.30)
8404 Олимпијакос – Монако (20.30 часот)
Олимпијакос вечерва има шанса за двојно славење, фудбалска титула во Грција и пласман на фајналфорот во кошаркарската Евролига. Ова е голема мотивација за домашните да ја добијат мајсторката во „Мир и пријателство“. Олимпијакос поведуваше со 1-0 и 2-1 во оваа серија, а Монако изедначуваше. Овојпат нема поправен, тој што ќе победи вечерва, оди на Ф4 во Белград. Мечевите во Пиреа завршуваа со голема разлика, за разлика од тесните пресметки во Монте Карло. Оваа шанса искусниот тим на Олимпијакос не смее да ја испушти, а Монако има историска прилика во својата дебитантска сезона да заигра и на фајналфор.
Предлог тип: 1 & <155.50 (2.70)