29.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Олимпик Марсеј го претстави Мејсон Гринвуд како ново засилување

Мејсон Гринвуд официјално е нов фудбалер на Олимпик Марсеј. Францускиот прволигаш го објави ангажманот на 22-годишниот Англичанец.

Марсеј ќе плати 31,6 милиони евра за правата на досегашниот клуб Манчестер Јунајтед, при што Црвените ѓаволи ќе си задржат и сериозен процент од следната продажба на играчот.

Гринвуд е младинец на Манчестер јунајтед, но минатата сезона беше испратен на позајмица во Хетафе по сериозниот скандал во којшто се вмеша. Тој беше обвинет за обид за силување од својата девојка, која подоцна ги повлече обвиненијата, но дамката врз имиџот на играчот остана и тоа е една од главните причини поради кои Манчестер јунајтед се раздели со него.

 

- Оглас -

Најнови вести