7.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Олимпискиот факел за ЗОИ 2026 тргна од Рим кон Милано на пат долг два месеци

Олимпискиот оган за Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 година тргна од Рим кон Милано, каде што за два месеци на стадионот „Сан Сиро“ свечено ќе се отворат Игрите.

Италијанскиот пливач и освојувач на повеќе олимписки медали, Грегорио Палтриниери, прв го понесе оганот од стадионот „Деи Марми“, а потоа го предаде на кошаркарот Акиле Полонара, кој се бори против леукемија, јавува „Ројтерс“.

„Беше голема емоција, токму како што е голема емоција и сега да стојам, бидејќи до пред недела дена бев во инвалидска количка. Мојата борба беше сложена и се надевам дека конечно сум на крајот. Фактот што сум спортист многу ми помогна, а сега само се надевам дека малку среќа ќе биде на моја страна“, рече Полонара за „РАИ“.

Олимпискиот оган ќе помине околу 12.000 километри низ Италија и ќе го посетува секој од 110 италијански региони.

Олимпискиот оган ќе минува покрај знаменитости како што се Колосеумот, Ватикан, Големиот канал во Венеција и Пјаца дел Кампо во Сиена, а Божиќ ќе го прослави во Неапол.

Оганот ќе пристигне во Кортина на 26 јануари, точно 70 години по церемонијата на отворањето на Игрите во 1956 година на истото место, пред да заврши на стадионот „Сан Сиро“ во Милано.

Оганот беше запален на 26 ноември во древната Олимпија.

ЗОИ ќе се одржат од 6 до 22 февруари 2026 година во Милано и Кортина.

- Оглас -

Најнови вести