Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз и Лоренцо Музети беа освојувачи на олимписките медали во тенис на ЛОИ во Париз, а сега сите тројца испаднаа неочекувано рано од гренслем турнирот САД опен.
Особено шокантни беа поразите на Шпанецот и Србинот, но се гледа дека не е случајност, и Париз е една од главните причини поради кои тие не стигнаа далеку во Њујорк. Олимписките медали значеа емотивно празнење, губење на свежина, и недоволно подготвени влегоа на гренслемот. Во Париз се играше на земјена подлога, на САД опен се игра на тврда подлога која е далеку побрза.
Во аут е и последниот полуфиналист на Олимписките игри, Феликс Оже-Алиасим, кој беше 19-ти носител на турнирот и испадна уште во првата рунда.