Барселона претрпе пораз во последните часови од летниот преоден рок со ослободувањето на Антоан Гриезман, кој се врати во Атлетико Мадрид, за паничен потег да биде привремениот ангажман на Лук Де Јонг, напаѓачот на Севилја.
Каталонците се надеваа дека ќе остварат „бомба“ вчеравечер, но тоа не им успеа. Тргнаа по потписот на својот производ од „Ла Масија“, Дани Олмо, ѕвездата на Лајпциг, кој своето усовршување го мина во редовите на Динамо Загреб покрај Аријан Адеми.
Барселона не можеше да плати 75 милиони евра, колку што бараа Биковите, иако со Олмо беа договорени личните услови по понудениот петгодишен договор. Но, откако управата се ослободи од платата на Гриезман и ги продаде Мориба и Емерсон, средствата со сигурност ќе се наменат за ангажман на Олмо во 2022 година. Останува да се види дали Барселона ќе тргне по него веќе во јануарскиот преоден рок, или пак ќе се чека крајот на сезоната 2021/22 .
Олмо беше еден од најдобрите играчи на Шпанија на последното Европско првенство на кое Фуријата стигна до полуфиналето и беше елиминирана на пенали од шампионот Италија, а не му беше потребно многу време да се наметне како еден од поважните фудбалери на бундеслигашот по трансферот од Загреб во зимата 2020 година.