-0.2 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

Омерагиќ во Доха на состанок со првиот човек на ФИФА Џани Инфантино

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, имаше работна посета во Доха. На состанокот присуствуваше и првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.

„Во Доха ја имав честа да присуствувам на состанокот на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА, на кој беше присутен и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Комитетот, кој работи под покровителство на Советот на ФИФА, има цел унапредување и координација на развојот на фудбалот во рамките на Олимписките игри, како и тесна соработка со Olympics во сите прашања поврзани со фудбалот на Олимпијадата. Горди сме што сме дел од процеси кои го обликуваат идниот развој на фудбалот на најголемата светска спортска сцена“, беше пораката која Омерагиќ ја испрати преку социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести