Центарот на Будуќност, Ален Омиќ, речиси никогаш не шутира за три поени, освен кога мора, а досега и кога се обидуваше не беше успешен, но вечерва на гостувањето кај Гран Канарија, ја даде својата прва тројка во евролигашката кариера. И тоа од далечина од десетина метри. Сепак, тројката на Словенецот не беше од голема помош за Будуќност, кој беше надигран од „канаринците“.
Погледнете каква е првата тројка во кариерата на Омиќ:
https://twitter.com/i/status/1073685485686587395
Вечерва во Евролигата се играа уште два меча. Баерн предводен од 27-те поени на Дерик Вилијамс, го победи Жалгирис и сега баварците имаат мини-серија од два триумфи по ред. ПАО во Атина не дозволи изненадување против последнопласираната Дарушафака. Меч на кариерата имаше Константинос Митоглу со 20 поени и шест скока.
РЕЗУЛТАТИ: Баерн – Жалгирис 88:84, Панатинаикос – Дарушафака 75:67, Гран Канарија – Будуќност 95:85.