Достигнувањата на Харден и Вестбрук? Потешко е да освоиш шест прстени

Ако го прашате Мајкл Џордан, ниту едно од достигнувањата на Џејмс Харден и Расел Вестбрук не може да биде на исто ниво како и освојување на шест шампионски прстени.

Ексѕвездата на Булс, сегашен сопственик на Шарлот хорнетс, нема дилеми дека е доста тешко за еден играч да стигне до 30 меча во низа на кои постигнал најмалку 30 поени, како што тоа го направи „Брадата“, или пак 10 трипл-дабл учиноци по ред со кои Вестбрук испиша историја. Сепак, тоа не може да се стави на исто рамниште како и да се освојат шест титули, а Харден и Вестбрук иако веќе долго време „газат“ во НБА лигата, и натаму им недостасува најпосакуваниот трофеј.

„Достигнувањата на Харден и Вестбрук? Тоа е супер, но потешко е да се освојат шест титули“, истакна Џордан.

- Оглас -

Најнови вести