Во Манчестер јунајтед веќе немаат трпение за грешките кои ги прави Андре Онана, па решението е тој да биде продаден во Саудиска Арабија налето. Тоа би значело дека „црвените ѓаволи“ треба да ангажираат нов голман, а желбата е чуварот на мрежата на белгиски Антверпен, Сен Ламенс.
Сепак, 22-годишниот голман е желба и на Пеп Гвардиола, со оглед на тоа дека и Едерсон налето најверојатно ќе се пресели во Саудиска Арабија, па градските ривали ќе водат битка за ангажманот на голманот кој вреди околу 30 милиони евра. Интерес за младиот Ламенс има и од екипите на Њукасл и Вест хем.
Втората опција за Рубен Аморим е голманот на Лил, Лука Шевалие, кој е малку поскап и во моментов вреди 40 милиони евра.