18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Онана за 24 часа ќе брани на два меча на два различни континенти

Голманот Андре Онана ќе се најде во несекојдневна ситуација, во рок од 24 часа да брани на два натпревари на два различни континенти.

Камерунецот доби дозвола од Фудбалската федерација на неговата земја да брани за Манчестер јунајтед на 13 јануари против Тотенхем, додека наредниот ден во Брегот на Слонова Коска, репрезентацијата на Камерун игра со Гвинеја на стартот на Африканскиот куп на нациите.

Иако правилата на ФИФА велат дека клубот треба да го ослободи репрезентативецот на две недели пред првенството, Онана доби специјална дозвола.

- Оглас -

Најнови вести