Марија Шарапова, освојувачката на ОП на Австралија од 2008 година, доби боди вајлд карта за учество на овогодишното издание на првиот Гренд слем во новата сезона. Специјалната покана ја потврдија организаторите на големиот турнир, а руската тенисерка како 147-морангирана на ВТА-листата ќе влезе во ждрепката.
„Неверојатно е што повторно ќе играм на ова првенство. Убави спомени ме врзуваат за овој Гренд слем, еднаш го освоив, а претрпев тешки порази во неколку финалиња. Мило ми е што повторно добив шанса да играм“, истакна Шарапова.
Сезоната за Русинката не почна како што очекуваше таа бидејќи на подготвителниот турнир во Бризбејн претрпе пораз во првото коло. ОП на Австралија стартува на 20 јануари и ќе се одржува до 2 февруари. Наоми Осака е актулена шампионка меѓу жените, а Новак Ѓоковиќ меѓу мажите.