ПСЖ и Интер конечно се договорија околку Мауро Икарди, аргентинскиот голгетер ќе се задржи на „Паркот на принцовите“, потврдија медиумите од Италија и Франција. Иако уште не е официјално, сумата која се споменува за трансферот е 58 милиони евра, или околу 13% помалку од клаузулата која беше поставена при позајмувањето на една сезона.
Интер ќе добие 50 милиони евра во кеш, додека 8 милиони евра преку бонуси кои треба да ги исполни Икарди, меѓутоа гигантот од Милано стави опасна клаузула во трансферот која му онезвозможува на голгетерот да се врати во Италија. Наводно, доколку ПСЖ во иднина го продаде Икарди на друг италијански клуб, ќе мора да искешира дополнителни 15 милиони евра на Нероаѕурите.
Сепак, веројатноста за ова да се случи е мала, поточно Икарди не би помислил да се врати назад во Серија ако се земе во предвид неговата заработка во Париз. Според четиригодишниот договор, годишната плата на Икарди изнесува 10 милиони евра без да се вклучат бонусите.
Она што е сигурно е дека конечно се виде крајот на трансфер сагата која траеше извесно време и предизвика доста контроверзи.