Опасна муниција на залиха имаат Топчиите – Петарда ги стресе Шумарите, резервата Нелсон блескаше со два гола и асистенција (Видео)

Рејс Нелсон на феноменален начин го замени повредениот Букајо Сака и со два гола и една асистенција е играч на мечот на Арсенал во победата од 5:0 против Нотингем форест.

Нелсон во 27. минута влезе во игра на местото на повредениот Сака и успеа да блесне покажувајќи со каква опасна залиха во нападот располагаат Топчиите од Лондон. 

Рејс за првпат играше во Премиер лигата по кам-бекот од Феенорд каде лани настапуваше на позајмица и очигледно беше полн со самодоверба.

Во рок од 180 секунди од 49. до 52. минута постигна два гола и покажа дека Арсенал и и не мора да се грижи и дека има замена за Сака.

Само пет минути по вториот гол, 22-годишното крило на Арсенал му асистираше на Томас Парти за предноста на Топчиите од 4:0.

За крај и петарда во мрежата на двојниот европски првак се погрижи капитенот Едегард во 78. минута.

Првиот гол на мечот го постигна Мартинели на асистенција на Сака, кој потоа се повреди.

 

- Оглас -

Најнови вести