Опасно преживување за тренерот на Шкупи – Каран ќе мора во затвор 20 месеци

Умит Каран веројатно ја заврши авантурата во Македонија, како тренер на Шкупи, а за него кобна беше една малку поинаква авантура во 2015 година.

Како учесник на популарното ТВ шоу Survivor (Преживување) во 2015 година имал сексуален атак врз сега 41-годишната И.А. Во првиот обид Каран бил ослободен од обвиненијата, но вчера во повторена постапка беше осуден на 20 месеци затвор.

Каран е познат турски фудбалер, играше за Галатасарај цели 8 сезони, а има и 10 настапи за турската репрезентација.

Тој изјави дека е невин и дека воопшто немал контакт со жената која го тужеше за сексуален напад.

Во октомври лани Каран беше именуван за нов тренер на Шкупи, но по сè изгледа „чаирчани“ ќе мораат да бараат нов кормилар.

- Оглас -

Најнови вести