Шефилд јунајтед може да жали бидејќи остана без победа и три бода со кои ќе го помине Манчестер јунајтед до петтото место на табелата според бројот на бодови. На гостувањето кај Астон вила во првиот меч по продолжувањето на сезоната во Премиер лигата, сечилата беа оштетени откако гол-лајн технологијата не сигнализираше погодок при една спорна ситуација.
Операторот „Хокај“, кој е задолжен за раководење на оваа технологија, преку соопштение се извини за нефункционирањето. Во соопштението се вели дека ова е прв случај да не се забележи погодок откако ниту една од седумте камери не можеше да ја сними спорната ситуација во клучниот момент поради немање прегледност.
Hawk-Eye statement on the goal line incident during Aston Villa v Sheffield match this evening. pic.twitter.com/I2u5lqKMqe
— Hawk-Eye Innovations (@Hawkeye_view) June 17, 2020