Вила и Шефилд уште се на одмор: Премиер лигата почна со неефикасно реми

Астон вила и Шефилд јунајтед ги поделија бодовите во реми без голови по официјалниот рестарт на сезоната во Премиер лигата. Тримесечната пауза се покажа на дело, двете екипи како уште да беа на одмор, голови недостасуваа за да се зачини продолжувањето на шампионатот.

Мрежите мируваа, но мечот донесе драма во 42-рата минута. Спорната ситуација не додели погодок на гостите, иако голманот Нилад сосе топка целиот ја помина мрежата. Гол-лајн технологијата не сигнализираше кај часовникот на судијата Мајкл Оливер, па резултатот остана 0-0.

Погодоци се надеваме дека ќе има на „Етихад“ во дебрито меѓу Манчестер сити и Арсенал, кое започнува во 21-15 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести