Општина Аеродром му излегува во пресрет на ФК Вардар, ќе му го отстапи теренот кај „Јане Сандански“ (Фото)

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денес преку социјалните мрежи информира дека остварил средба со навивачката група Комити, кои се новите сопственици на ФК Вардар, и постигнале договор на најтрофејниот македонски фудбалски клуб да му биде отстапен теренот во близина на спортската сала „Јане Сандански“ за потребите на клубот.

Според соопштението, договорот ќе биде реализиран откако ќе ги мине сите законски филтри.

Во продолжение комплетната објава на Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

 

- Оглас -

Најнови вести