Арсенал е лидер во Премиер лигата со четири поени предност пред второпласираниот Борнмут, но и шест, односно седум бода пред градските ривали од Манчестер и Ливерпул. Многумина во Англија веруваат дека Арсенал оваа сезона ќе го освои трофејот од Премиер лигата, а во такво нешто и напаѓачот на Топчиите, Букајо Сака.
„Оваа година чувствувам дека сме многу силна екипа и имаме многу квалитети. Веќе имавме доста повредени играчи, но оние што влегоа на нивно место покажаа дека сите можеме да го одржуваме највисокото ниво. Тоа е неопходно за да стигнеме до крајот. Мислам дека токму тоа ни недостигаше во последните неколку сезони. Сега го имаме и тоа ме тера да верувам дека можеме да успееме. Порано не можевме да победуваме вакви натпревари, како гостувањето кај Њукасл. А оваа сезона успеавме и победивме со 2:1. Тоа е знак на напредок. Сè уште е рано да зборуваме за ‘нашата година’. Бев во битката за титулата последните три години и секогаш завршував втор. Научив дека не е толку важно што се случува сега. Важно е што ќе се случи во април. Тогаш треба да бидеш во трката и да се обидеш да бидеш прв. Сега најважно е да останеме блиску до врвот, да изградиме инерција и потоа да направиме серија добри настапи“, вели Сака.

