Оптимизмот е голем – Македонците притиснаа со уплата, паѓа двојката на мечот со Австрија

Македонија верува во добар настап и успех на фудбалската репрезентација на Европското првенство, што е прво големо натпреварување во нашата историја, па тоа го потврдуваат и со интересни уплати на тикети во Sport Life.

Необичната комбинација со трите натпревари што Македонија ќе ги игра во фазата по групи против Австрија, Украина и Холандија што носи еден милион денари за уплата од само 20 денари веќе ја објавивме, а како што се доближува почетокот на Европското првенство, расте и оптимизмот кај фудбалските фанови.

Има и необичен тренд во Sport Life каде што полека, но сигурно паѓа коефициентот за победа на Македонија против Австрија на премиерниот меч и историски за нас што ќе го играме на 13 јуни во Букурешт.

Долго време квотата за двојка беше 6.50, а од денеска е 6.25, што е јасен сигнал за зголемена уплата на тикети со конечен тип, победа на нашата репрезентација.

Единицата на Австрија, која сè уште е фаворит, се зголеми од 1.56 на 1.67, што јасно говори дека сè повеќе растат очекувањата за добар старт на Македонија на ЕП.

Sport Life понуди богата лепеза од голем број игри за Европското првенство, има мал милион игри на кои можете да се обложувате, а понудата ќе расте како што се приближува стартот на шампионатот, што ќе почне со дуелот меѓу Италија и Турција на 11 јуни во Рим.

 

- Оглас -

Најнови вести