Како успеа ораницата за миг да се претвори во „перфектен“ зелен тепих? (Видео)

Летонија ја пречекува Црна Гора во првото коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година, а во фокусот на вниманието пред мечот, беше теренот на стадионот во Рига. Тревата на стадионот веќе подолго време е во очајна состојба, но домаќините решија да играат на тој стадион.

Ниту една од двете селекции не тренираа на теренот на кој ќе играат вечерва, а домаќините решија во последен момент, „ораница“ да ја корегираат. Со специјална машина за фарбање, целиот терен беше обоен со зелена боја, па наместо „ораницата“, на телевизискиот пренос ќе делува како двете селекции да играат на перфектен зелен тепих.

Ваквиот потег ќе биде од помош за визуелниот изглед на телевизиските екрани, но не и за фудбалерите кои треба да се борат за трите бода.

 

- Оглас -

Најнови вести