Ова не е нива, ниту плантажа, туку терен на кој утре ќе се игра меч од квалификациите за СП (Фото)

Летонските и црногорските фудбалски репрезентативци нема да имаат идеални услови за одигрување на нивниот утрешен меѓусебен дуел од квалификациите за Светското првенство 2022. Летонските медиуми објави фотографии од состојбата во која се наоѓа теренот на стадионот на Сконто во Рига, и од приложеното, може да се види загриженоста е оправдана.

Колку и Летонците да се обидуваат нешто да спасат, теренот утре ќе биде во катастрофална состојба.

Теренот подолго време е во лоша состојба, тревата е уништена од снегот, а клубот Сконто не успева да се избори со предизвикот да ја врати тревата во посакувана состојба. Фудбалот не е спорт број 1 во Летонија, па затоа за стадионот на Сконто Рига кој има капацитет од 8.000 седишта, најпосетени настани со 30.000 луѓе биле концерти на кои публиката го газела теренот.

Летонија во изминатите години своите домашни мечеви ги играше на стадионот Даугава, но овојпат решија да играат на теренот на Сконто и изгледа погрешија. Летонија нема да има никаква предност на домашен терен, бидејќи тимот нема ниту еднаш да тренира на овој терен пред дуелот со Црна Гора.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести