Оригинални се Лавовите од Ѓорче Петров – Негативни на ковид-19, позитивни и подготвени за фудбал

Фудбалската експедиција на Македонија Ѓорче Петров прва од прволигашките клубови направи тестирање на ковид-19 и резултатите се беспрекорни, никој нема позитивен тест, а има оптимизам дека сепак првенство ќе продолжи.

Со интересна фотографија популарните Лавови од Ѓорче Петров најавуваат дека се подготвени за фудбалски битки откако ја добија првата борба со Коронавирусот.

„Негативни на Ковид-19 и подготвени за фудбал“ е описот на фотографијата што ја објавија на својот фејсбук-профил.

Македонија Ѓорче Петров до прекинот на првенството во март поради корона-вирусот е на шестото место со 29 бода и најавува битка за позиции што водат во Европа ако се доигра сезоната.

И ако се прогласи предвремен крај на првенството, Ѓорчепетровци имаат шанси да настапат во квалификациите за Лигата на Европа во случај лидерот Вардар да не добие лиценца за евронастап.

 

- Оглас -

Најнови вести