Кој најмногу може да профитира ако Вардар не добие лиценца за настап во Европа?

Најтрофејниот македонски клуб Вардар од вчера и официјално веќе не е во рацете на рускиот бизнисмен Серген Самсоненко. Човекот кој во изминативе неколку години беше главен финансиер на Црвено-црните, преку соопштение најави дека се повлекува и дека клубот го враќа во сопственост на Град Скопје.

До прекинот на првенството поради пандемијата со Коронавирусот, по 23 одиграни кола, Вардар е убедлив лидер со 46 бодови, 10 повеќе од второпласираниот Силекс, а 11 пред Шкендија. Засега уште е неизвесноста дали и кога би можело да продолжи првенството, а клубовите од ПМФЛ в понеделник ќе имаат состанок околу ова прашање.

Доколку Вардар остане во финансиска криза и не успее да добие лиценца за настап во квалификациите од Лигата на шампиони, а првенството не може да продолжи, во тој случај Силекс како второпласиран ќе ќари место во во квалификациите за елитната ЛШ.

Шкендија и Ренова и со Вардар како лидер и со Вардар без евролиценца си имаат место во квалификациите за Лигата на Европа, но доколку Црвено-црните извисат, тогаш се отвора уште едно место за настап во Европа. Моменталната ситуација на табелата и според членот 107 од Статутот на ФФМ вели дека Македонија Ѓорче Петров поради подобар меѓусебен скор со Шкупи е кандидат за настап во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести